САД воведоа санкции за ирански физички и правни лица поради иранската ракетна програма
САД воведоа нови санкции против Иран поради неговата балистичка ракетна програма и неговите „штетни“ влијанија на Блискиот Исток.
Стејт департментот воведе санкции за 18 физички и правни лица, поврзани со иранската програма за балистички ракети и со елитните воени сили на Револуционерната гарда.
Санкциите беа воведени неколку часа, откако администрацијата на САД потврди пред Конгресот дека Иран технички ја почитува меѓународната спогодба за неговата нуклеарна програма и може да продолжи со олеснување на санкциите, воведени во врска со таа програма.
На удар на новите санкции, кои значат замрзнување имот и спречување на Американците да работат со тие физички и правни лица, се најдоа седум групи и пет лица, кои и помагале на иранската Револуционерка гарда, како и две групи, кои се поврзано со иранската ракетна програма.
На санкциите се подложени и транснационални криминални групи со седиште во Иран и три лица, кои имаат врска со нив.
Иранскиот Парламентот изгласа претходно денеска дека итно ќе работи на изработка на закони, со кои ќе се овозможи згоемување на фондот за ракетната програма и Револуцинерната гарда, како одговор на „авантуризмот на Вашингтон во регионот“.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект