САД воведе санкции за уште десетмина претставници на Венецуела
Американското Министерство за финансии воведе санкции за уште десетмина претставници на Венецуела, меѓу кои и неколкумина министри од Владата за кои тврди дека му помагале на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро во обидот да ја поткопа демократијата во земјата.
- Овие лица се поврзани со поткопувањето на изборниот процес, цензурата на медиумите или корупцијата во владините програми за храна во Венецуела, се наведува во соопштението на американското Министерство.
Меѓу претставниците за кои се воведени санкции се и венецуелскиот амбасадор во Италија, Хулијан Родригез Дијаз, министерот за култура, Ернесто Ермилио Вилијегас Полјак и министерот за земјоделство Фреди Бернар Розалез.
Како што јави МИА, САД претходно воведоа санкции за десетина актуелни и поранешни венецуелски претставници откако Владата на Венецуела во август оформи Уставотворно собрание на кое му се доделени практично неограничени овластувања.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека