САД во следните две години планираат да отпуштат 40.000 војници и 17.000 воени службеници
Американските копнени сили во следните две години планираат да го намалат бројот за 40.000 на војници и за 17.000 на цивилни службеници, соопшти висок претставник на американското Министерство за одбрана.
Претставник на Пентагон најави дека наскоро ќе биде направено официјално соопштение во врска со овој план.
Според весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“ планот ќе биде објавен во текот на неделата. Весникот наведува дека планот за намалување на персоналот ќе ги погоди како војниците во земјата, така и тие на мисии во странство. Мерката има за цел бројот на вработени да се сведе на 450.000 лица до крајот на фискална 2017 година, односно 30 септември 2017 година.
Весникот се повикува на документ, според кој причина за намалувањето е буџетско штедење. Според овој документ ако во октомври биде наложено да се изврши автоматско буџетско кратење, како во 2013 година, ќе треба бројот на војници да се намали за уште 30.000 лица.
Во февруари претседателот Барак Обама објави нацрт буџет за фискална 2016 година, што започнува на 1 октомври годинава, со кој се предвидува воените трошоци да се зголемат на 585 милијарди долари, што е за 38 милијарди долари во однос на претходната година.
Од целата сума 50,9 милијарди долари ќе бидат наменети за Авганистан и воените операции против групата „Исламска држава“ во Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии
-
Бугарското МНР со порака до Скопје: Процесот на интеграција се заснова на заслуги, посредувањето не е дозволено
-
БиХ брои жртви по катастрофалните поплави
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“