САД утринава извршија нови напади врз позициите на Хутите во Јемен со ракети „Томахавк“
Американската војска рано утринава изврши нов напад врз позициите на Хутите во Јемен, еден ден откако САД и Велика Британија ги почнаа своите воздушни напади врз цели на Хутите во оваа земја, пренесува ДПА.
Централната команда на САД соопшти дека во „продолжение на акцијата“ рано утринава била нападната локацијата на која се наоѓал радар на Хутите, а нападот го извршил поморскиот разурнувач „Карни“ со ракети Томахавк.
Во Сана, главниот град на Јемен, утринава била слушната силна експлозија. Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски функционер, јави дека нападите биле значително помали од претходната ноќ.
Хутите вчера истрелаа најмалку една противбродска балистичка ракета врз комерцијален брод, додаде телевизијата од Атланта.
Телевизискиот канал Ал Масира, контролиран од Хутите, рано утринава објави дека САД и Велика Британија го напаѓаат главниот град на Јемен, Сана.
На првиот ден од нападот на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во петокот беа гаѓани 28 локации и повеќе од 60 цели.
Вашингтон и Лондон објавија дека акцијата ја извршиле поради нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море. Претседателот Џо Бајден вчера предупреди дека Хутите може да се соочат со нови напади.
Ново на Сител
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“
-
Демири го разреши само медицинскиот директор на Токсикологија, но не и Бесија Иљази
-
Отворен Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи
-
ДИК прифати 7 приговори - Ќе се прегласува во Крушево, Охрид и Желино
-
Дом за стари лица во Прилеп инсталираше фотоволтаични панели