САД ставија 33 кинески фирми на црна листа
Американското Министерство за трговија соопшти дека додава 33 кинески компании и други институции на економската црна листа поради злоупотреби на човековите права и загриженоста за американската национална безбедност, што вклучува оружје за масовно уништување и други воени активности.
Американските медиуми коментираат дека црната листа е последниот обид на администрацијата на Доналд Трамп да ги нападне компаниите поврзани со воените набавки и да го казни Пекинг за третманот на муслиманските малцинства, а доаѓа во време кога лидерите на Комунистичката партија во Пекинг открија детали за планот за воведување закон за национална безбедност на Хонг Конг.
Одделот за трговија соопшти дека девет компании и институции се санкционирани за соучесништво во кршењето на човековите права и злоупотребите извршени во кинеската кампања на репресија, масовно произволно притворање, присилна работа и високо-технолошки надзор против Ујгурите и други.
Министерството за трговија додаде и 24 владини и трговски организации на економската црна листа поради овозможување набавка на предмети што може да ги користи кинеската војска.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата