САД со нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина
САД ќе ѝ дадат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, соопшти вчера Пентагон.
Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“.
Новата помош вклучува борбени возила „Бредли“, оклопни транспортери „Страјкер“ и муниција за ракетните системи „Хајмарс“.
- Целта на помошта е да се зајакне способноста на Украина да спроведува контраофанзивни операции, да ги зајакне нејзините капацитети за воздушна одбрана … и да и обезбеди други средства за одбивање на руските сили, се наведува во соопштението на Пентагон.
Ова е 41-ви пакет помош од САД за Киев откако руските сили ја нападнаа Украина во февруари минатата година.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал