САД се повлекуваат од УНЕСКО
САД го известија официјално УНЕСКО дека се повлекуваат од таа организација на ОН. Тоа го изјави денеска генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова.
Според западни медиуми, САД ќе го напуштат УНЕСКО од 31 декември.
Според дипломатски извори, со тој потег САД ќе ја отежнат уште повеќе ситуацијата на организацијата на ОН за култура и образование, на која и прават проблем регионалните ривалства и недостатокот на финансирање.
САД го откажаа својот значителен финансиски придонес во буџетот на УНЕСКО во 2011 година, како протест поради одлуката за обезбедување полноправно членство на Палестинците.
Според списанието Форин полиси, САД сакаат да заштедат пари и да протестираат поради антиизраелската позиција на УНЕСКО.
САД обезбедуваа 80 милиони долари годишно на УНЕСКО, што е речиси една петтина од буџетот на организацијата.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски