Свет
23. May 2020 - 10:53

САД размислуваат за прва нуклеарна проба после 28 години

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели размислувала дали да изврши нуклеарна проба, прва после 28 години, извести „Вашингтон пост“, повикувајќи се на добро упатени извори.

Прашањето било покренато на состанокот на раководните луѓе на националните безбедносни служби на САД, по обвинувањата од Белата куќа дека Русија и Кина спроведуваат нуклеарни проби со низок интензитет.

На состанокот не била донесена конечна одлука по ова прашање, но учесниците биле согласни на заканите од Кина и Русија да се одговори со други мерки, а засега да не се вршат нуклеарни проби.