САД распоредуваат војници во Литванија на границата со Белорусија
Во Литванија денеска пристигна контингент американска војска со тенкови кои во текот на два месеца ќе бидат дислоцирани на границата со Белорусија. Распоредувањето се случува во време на зголемени тензии меѓу Запад и Русија со можното испраќање руска војска во Белорусија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Војниците се префрлени од Полска, за реализација на претходно планирани воени вежби, треба да започнат на 15 септември. Според литванските власти, вежбите се од „одбранбен карактер и не се насочени против никој од соседите, вклучувајќи ја и Белорусија“.
Претставник на литванската армија изјави дека во мисијата, која ќе трае до ноември, ќе бидат ангажирани 500 американски војници и 40 транспортни средства како тенковите „Абрамс“ и оклопните транспортери „Бредли“.
Според министерот за одбрана на Литванија, Рајмундас Короблис, воените вежби во Литванија ќе се одвиваат од 14 до 25 септември и на нив ќе учествуваат 1.000 воени лица и воени авиони од Италија, Франција, Германија, Полска и други земји.
Не се соопштува дали војниците ќе останат во Литванија по 25 септември.
Ново на Сител
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи