САД: Нови санкции против Русија поради Навални
Вашингтон подготвува нови санкции против Руската Федерација во врска со ситуацијата со опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во притвор, ја објави Си Ен Ен изјавата на советникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џејк Саливан.
– Прво, важно е вашите гледачи да разберат дека воведовме санкции против Русија за труењето на Алексеј Навални и подготвуваме нов пакет санкции кои, исто така, ќе бидат применети во врска со тоа, истакна Саливан.
Претходно, демократите во Конгресот ја критикуваа администрацијата за неуспехот да се воведе втор, законски задолжителен пакет санкции за случајот Навални, до 2 јуни 2021 година. Демократите сметаат дека администрацијата редовно ги пропушта роковите утврдени со Законот за санкции на САД.
Саливан, исто така, додаде и дека САД ќе продолжат да воведуваат нови санкции за руските компании вклучени во проектот „Северен поток 2“.
– Прашањето е дали ќе гониме директно преку нашите овластувања за санкции, нашите европски партнери, сојузници и пријатели. Претседателот Бајден рече: Не сум подготвен да го сторам тоа, но подготвен сум да воведам санкции на секои 90 дена против руски организации вклучени во градењето на Северен поток 2.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот