Свет
7. February 2021 - 21:48

САД нема да ги укинат санкциите кон Иран за Техеран да се врати на преговорите

Американскиот претседател Џо Бајден денеска за Си-Би-Ес изјави дека САД нема да ги укинат економските санкции кон Иран со цел Техеран да се врати на преговорите за иранската нуклеарна програма.

На прашањето дали САД прво ќе ги укинат санкциите за Техеран да се врати на преговарачката маса, Бајден кусо одговори – „не“, а на прашањето дали Иран прво мора да запре со просечното збогатување на ураниум, Бајден само кимна со главата.

Не е целосно јасно што точно мислел американскиот претседател, имајќи предвид дека договорот постигнат во 2015 година му овозможи на Иран да збогатува ураниум со одредени ограничувања.

.