САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва
САД соопштија дека не биле вмешани во убиството на висок офицер на руската армија во операцијата за која одговорноста ја презеде Украина.
- Можам да ви кажам дека САД не беа однапред известени за тоа и не беа вклучени, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер за убиството на Игор Кирилов, началникот на дивизијата за хемиско оружје на руската армија.
Но, Милер укажа на претходните проценки на САД дека Кирилов – највисоката руска воена фигура убиена откако Москва ја нападна Украина – наредил употреба на агенти за контрола на немирите на бојното поле, прекршувајќи ја Конвенцијата за хемиско оружје.
- Тој беше генерал кој беше вклучен во голем број злосторства. Беше вклучен во употреба на хемиско оружје против украинската војска, рече Милер.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги обвини западните сојузници на Украина дека се „соучесници“ во атентатот во Москва.
Кирилов, кој беше началник на руските трупи за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, беше убиен пред станбена зграда заедно со неговиот помошник кога експлодираше бомба поставена во електричен скутер, соопшти рускиот Истражен комитет, кој истражува сериозни злосторства.
Комитетот денеска соопшти дека е уапсен осомничениот, државјанин на Узбекистан, роден во 1995 година, под сомнение дека го извршил нападот што го чинеше животот на командантот Кирилов и неговиот помошник Илја Поликарпов.
Осомничениот признал дека бил „регрутиран од украинските специјални сили“.
Ново на Сител
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам