Тенис
4. March 2023 - 20:01

САД не го пуштаат Ѓоковиќ на нивна територија

САД повторно го одбија барањето на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за влез во оваа земја и не му одобрија виза во пресрет на претстојните турнири во Индијан Велс и Мајами. 
Ѓоковиќ достави посебна документација за влез бидејќи не е вакциниран и според информациите единствена шанса му е претседателот Бајден. 
Во меѓувреме група сенатори од Флорида побараа јавно да му се издаде виза на српскиот тенисер за настап не престижните турнири.