САД направија промени во санкциите против Русија
Новата Влада на САД внесе промени во санкциите против Русија, со цел да се спречи продажбата на некои технологии.
Одлуката на американското Министерство за финансии ќе им овозможи на американските компании да извршуваат ограничени трансакции со руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Промените се однесуваат на санкциите што беа наложени од Владата на претходниот американски претседател Барак Обама во април 2015 година со цел да се спротистават на злонамерни компјутерски активности.
Американсите разузнавачки служи ја обвинија руската Федерална служба за безбедност дека е вмешана во кибер-напади врз Демократската партија за време на кампањата на претседателските избори во САД во полза на кандидатот на републиканците Доналд Трамп. Русија ги отфрли тие обвиненија.
- Не сме ублажиле ништо, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Висок претставник на Министерството за финансии на САД објасни дека целта е да бидат коригирани неочекувани последици од санкциите.
Во декемри, Владата на Обама ја стави ФСБ на црниот список поради кибер-нападите врз кандидатот за претседател на демократите Хилари Клинтон.
За да можат американските компании да внесат во Русија производи како мобилни телефони и таблети, што не содржат забрана за извоз во таа земја, како кодиран софтвер, имаат потреба од дозвола од ФСБ.
Целта на промената е, имено, да не биде спречена трговија со технолошки производи чиј извоз во Русија е дозволен.
Руското Министерство за финансии соопшти дека санкциите се променети поради желба на американските компании.
Санкциите за ФСБ, како целина сепак остануваат во сила, јави ТАСС.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп