Свет
5. March 2016 - 13:32

САД најавија почеток на операција за ослободување на Мосул од ИД

Брет Мекгерк, специјален претставник на американскиот претседател Барак Обама, најави почеток на операција за ослободување на ирачкиот град Мосул од терористичката група Исламска држава.

Ова е соопштено на денешната прес-конференција во американската амбасада во Багдад.

- Кампањата за ослободување на Мосул започна со прекин на патот меѓу Мосул и Ракка. Операцијата е планирана многу добро, изјави Мекгерк.

Мосул беше преземен од ИД во јуни 2014 година и досега е под нејзина контрола.