САД најавија нова воена помош за Украина вредна 550 милиони долари
САД најавија нова, седумнаесетта транша по ред за воена помош на Украина во висина од 550 милиони долари за украинската самоодбрана, што се доделува уште од август 2021 година.
Помошта е дел од разервите на американското Министертво за одбрана, јавија синоќа од Стејт департментот.
-По надлежност дадена од претседателот Џо Бајден, во денешната објава за помош вклучуваме повеќе муниција за мобилниот артилериски ракетен систем (ХИМАРС) и за 155 мм артилериски системи, толку многу ефективно употребувани од украинските сили на бојните полиња за одбрана на нивната земја, изјави синоќа државниот секретар Ентони Блинкен Од Стејт департменот потсетија дека со оваа транша, вкупната воена помош на САД за Украина од почетокот на Администрацијата на Бајден изнесува околу 8.7 милијарди долари.
-Повеќе од пет месеци брутален и непровоцинаран напад на Русија врз народот на Украина го инспирира светот кој гледа како тие ја бранат својата земја и нивната слобода. САД стојат со сојузницте и партнерите од повеќе од 50 земји за обезбедување безбедносна помош за поддршка за Украина во нејзината одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тешко повреден затвореник во Идризово по тепачка измеѓу две групи
-
Исчезна 33 годишна скопјанка
-
Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите
-
Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми
-
Каселакис го прашува Мицотакис што направил за учеството на ВМРО-ДПМНЕ на изборите под името „Твоја Македонија“
-
Пробиени две брани во поплави во јужна Германија
-
Мицотакис оптимист дека Нова демократија на евроизборите ќе го повтори успехот од пред пет години
-
Герапетритис: Грција го поддржува меѓународното право и го почитува ратификуваниот меѓународен договор, истото го бараме и од Северна Македонија