Свет
9. July 2021 - 11:05

САД: Мајка на две деца која се плашела од последици од вакцината, починала од Делта сојот

Мајка на две деца од Мисури, која не била вакцинирана против вирусот ковид-19, бидејќи се плашела од несаканите ефекти, починала откако заболела од делта сојот.

Триша Џонс (45) не сакаше да ја прими вакцината откако слушнала информации за луѓе кои страдаат од ретки несакани ефекти, како што се згрутчување на крвта или воспаление на срцето, и решила да почека.

Сепак, во пролетта оваа година, таа заболела со делта сојот на коронавирусот и никогаш не се закрепна, пренесува „FOX 4“.

Таа била примена во болница следниот месец, ставена на апарати за дишење и набргу починала.

Нејзиното семејство сега апелира до јавноста да се вакцинира или да ризикува да се разболи од ковид-19 како Џонс.

Нејзината мајка Дебора вакцината ја примила на пролет, сепак, нејзината ќерка била неодлучна и сакала да почека.

– Таа се плашеше од несаканите ефекти – изјави Дебора за „FOX 4“.

Во април, синот на Триша се разболел од вирусот на училиште, а подоцна било откриено дека неговата инфекција е поврзана со сојот делта.

Набрзо се разболеле Триша и нејзиниот сопруг Кит.

– Откако се разболе, таа ми рече дека сум во право за вакцината, маските и другите мерки. И реков дека не сакам да бидам во право, само сакав да биде добро – рече мајката на Триша.

Нејзината состојба брзо се влошила, таа била пренесена во болница и ставена на апарати за дишење на 13 мај.

Иако симптомите на ковид-19 во голема мера исчезнаа, нејзината респираторна состојба не се подобри, па таа ја загубила битката на 9 јуни.

Нејзината смрт се случила во време кога делта сојот е прогласен за доминантен вид на вирусот во САД, што претставува 51,7% од сите нови инфекции, според Центрите за контрола и превенција на болести.