САД ја извршија првата федерална егзекуција на жена во последните неколку децении
САД ја извршија првата федерална егзекуција на жена по речиси седум децении, соопшти американското Министерство за правда.
– Педесет и две годишната Лиза Монтгомери беше егзекутирана во американскиот затвор „Тере Хаут“ согласно казната која беше едногласно предложена од федералното обвинителство и изречена од Окружниот суд на САД за Западниот округ Мисури во 2007 година, се наведува во соопштението.
Врховниот суд на САД денеска одобри дека претходно одложената смртна казна за првата жена по 70 години, може да биде извршена. Судот во американската држава Индијана го одложи федералното извршување на смртната казна на осудената Лиза Монтгомери поради проблеми со психичкото здравје.
Лиза Монтгомери беше прогласена за виновна поради извршување брутално убиство на бремена жена во 2004 година. Претходно беше планирано казната да се изврши на 8 декември 2020 година во Индијана со смртоносна инјекција.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо