САД извршија повеќе воздушни напади во Сирија по нападот врз американска база
Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран и одговорни за претходен напад со беспилотно летало, во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американскиот персонал.
Пентагон синоќа објави за нападот врз американскиот персонал и за американските воздушни напади врз милитанти.
Нападот на базата на коалициските сили кај Хасака во североисточна Сирија се случил околу 13 часот и 38 минути по локално време, а според извештајот на Пентагон загинал еден член на американскиот технички персонал, друг е повреден, како и пет американски војници.
Според разузнавачките информации, постои сомневање дека нападот е извршен со беспилотно летало од иранско потекло, соопшти американската армија, што може дополнително да ги влоши и онака заладените односи помеѓу Вашингтон и Техеран.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека одмаздничките напади биле извршени по наредба на претседателот Џо Бајден врз целни објекти што ги користеле милитантните групи поврзани со Корпусот на гардата на исламската револуција на Иран.
– Воздушните напади беа извршени како одговор на денешниот напад, како и на серија неодамнешни напади врз коалициските сили во Сирија од страна на групи поврзани со ИРГЦ, истакна Остин.
Американските трупи од почетокот на годината нападнати се 78 пати од групи поддржани од Иран.
Генералот Ерик Курила, командант на Централната команда на САД на Блискиот Исток, во обраќањето пред Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом на САД вчера, предупреди за флота на ирански беспилотни летала.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца