-->
-->
САД испраќаат нови трупи во Авганистан
-->
Пентагон донесе одлука за испраќање дополнителни трупи во Авганистан, изјави американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, десет дена откако претседателот на САД, Доналд Трамп најави засилување на американските воени сили во борбата против талибанците.
- Да, потпишавме налог за распоредување дополнителни сили, одговори Матис на новинарско прашање, без да прецизира колку нови војници ќе бидат испратени.
Според неговото образложение, целта на тоа засилување е да им се помогне на авганистанските безбедносни сили за поефикасна борба против екстремистите.
Според неофицијални извори, САД во Авганистан ќе испратат околу 3.900 војници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во првото тримесечје од годинава, 391 новоевидентирани жртви на насилство во земјава
-
Две лица сакале да му пратат дрога по пошта на затвореник во КП Штип
-
Попладне и вечер облачно со краткотрајен пороен дожд
-
Марта Кос во понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан
-
Српски државјани повредени откако возило излетало од патот Неготино - Демир Капија
-
Малолетник избоден со остар предмет од 16-годишник на „Партизанска„
-
Дизелот поевтинува за 2,5 денари
-
Нетанјаху: Сега имаме одлична можност да шириме мир во регионот