САД и Турција го прекинаа меѓусебното издавање на неимигрантски визи
Мисијата на САД во Турција соопшти дека ја прекинува работата на своите служби за издавање неимигрантски визи во своите американски дипломатски претставништва во Турција, а како причина е наведено дека Анкара мора да ја „преразгледа“ својата посветеност околу безбедноста на американскиот дипломатски персонал.
Таквата одлука е донесена по неодамнешното апсење на еден член на персоналот од американскиот конзулат во Турција.
- За да можеме минимално да го намалиме бројот на посетители во нашата Амбасада и конзулатите додека трае процедурата на преиспитување, веднаш ја прекинавме работата на сите служби за издавање неимигрантски визи во сите дипломатски објекти на САД во Турција, се наведува во соопштението.
Анкара со реципрочни мерки одговори на одлуката на американската мисија во Турција за прекин на работата на службите.
Турција соопшти дека ќе го прекине издавањето неимигрантски визи за Американци, но тие рестрикции ќе бидат построги бидејќи се однесуваат на „визи во пасошите, како и е-визите и оние кои се добиваат на граница“, а не само тие што се издаваат во дипломатските претставништва во САД.
Одлуката за контрамерките ја соопшти амбасадата на Турција во Вашингтон.
На почетокот од минатата недела еден член на персоналот од американскиот конзулат во Истанбул беше уапсен врз основа на обвинение дека е поврзан со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој долги години живее во егзил во САД, а Анкара го обвинува за минатогодишниот неуспешен обид за пуч. Вашингтон апсењето го осуди како неосновано и штетно за односите меѓу двете земји сојузнички во НАТО.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги