Loading Video...
Свет
27. January 2021 - 12:24

САД и Русија се согласија за продолжување на договорот за нуклеарното оружје

САД и Русија се согласија за продолжување на договорот за нуклеарното оружје. Ова е резултат од првиот телефонски разговор меѓу новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден и рускиот лидер Владимир Путин. Двајцата лидери се согласија да продолжи новиот СТАРТ договор за контрола на нуклеарното оружје за нови 5 години, во пресрет на истекот на претходно постигнатиот, кој завршува на почетокот на следниот месец, соопшти Белата куќа. Тие разговарале и за третманот на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални и анексијата на полуостровот Крим, при што Бајден ја потврдил поддршката на САД за суверенитетот на Украина.

Во светот од денеска бројот на заболени од Ковид 19 ја надмина бројката од 100 милиони, во период кога се појавуваат нови мутации од вирусот на сите континенти. Најпогодена земја е САД со над 25 милиони заболени, и над 425 илјади смртни случаи. По што следуваат Индија, Бразил и Русија, а во врвот е и Велика Британија, која пак вчера стана првата европска земја која ја надмина бројката од 100 илјади починати од корона вирусот.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро тврди дека здравствените власти во неговата земја откриле чудотворен лек против Ковид-19 без несакани ефекти. Мадуро телевизија го претставил лекот „карвативир“, кој се користи преку орална суспензија.

Лекот помина низ деветмесечни испитувања, тестирања, клиничка примена врз многу болни луѓе кои беа на респиратори и можевме да ги повратиме“, изјави Мадуро.

Националната акдемија за медицина во Венецуела информираше дека лекот се темели на мајчина душица, растение кое со векови се користи во традиционалната медицина, и поседува терапевтски потенцијал против коронавирусот.