Свет
19. February 2023 - 14:16

САД и Јужна Кореја одржаа воена вежба

САД и Јужна Кореја денеска одржаа заедничка вежба на воздухопловните сили во која учествуваа американски стратешки бомбардери заедно со други борбени авиони, еден ден откако Северна Кореја ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-15.

Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека вежбата, во која корејските авиони Ф-35А, Ф-15К и американските ловци Ф-16 ги придружуваа американските бомбардери Б-1Б, ги покажа „завидните одбранбени способности и подготвеност на сојузниците“.

- Вежбата ги зајакна заедничките оперативни способности и ја потврди челичната посветеност на САД за одбрана на Корејскиот полуостров и одвраќање, соопшти јужнокорејската војска.

Јапонските медиуми објавија дека попладне може да се очекува воздушна воена вежба меѓу Јапонија и САД.