Свет
14. July 2020 - 15:04

САД го обновуваат издавањето визи

Американските амбасади и конзуларни претставништва ќе го обноват издавањето визи во најскоро време, соопшти денеска Стејт департментот, но не прецизира точна дата.

Издавањето визи беше прекинато поради пандемијата со Ковид-19. Кога ќе се обнови издавањето визи ќе се одредува индивидуално од секоја Амбасада и Конзулат.

Секоја мисија ќе ги обнови нормалните конзуларни услуги во индивидуален поредок и согласно рамковната програма „Силна демократија“ за безбедно враќање на нашиот персонал во објектите на Департментот, изјави денеска за Еј-би-си претставник на Стејт департментот.

Тој додаде дека државниот орган „не може да укаже на конкретна дата кога секоја од мисиите може да ги обнови конзуларните услуги“ и посочи дека најдобро е оваа информација да се бара на веб-сајтот на конкретната Амбасада или Конзулат.