САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
Американската влада објави дека ги укинува сите американски визи издадени на граѓаните на Јужен Судан.
Причината е неисполнетата заложба на преодната влада на Јужен Судан да ги прифати назад граѓаните на земјата што ги врати Вашингтон.
Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека администрацијата е подготвена да ја разгледа таа одлука штом Јужен Судан му даде целосна соработка на Вашингтон по ова прашање.
- Јужен Судан не го почитуваше принципот дека секоја земја треба веднаш да ги прифати своите граѓани вратени од други земји, вклучително и САД, истакна Рубио.
„Веднаш стапува во сила одлуката на Стејт департментот на САД да ги суспендира визите на секој што има државјанство на Јужен Судан со цел да се спречи влез на лица со такво државјанство на територијата на САД“, се вели во соопштението на државниот секретар.
Ново на Сител
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен