САД ги укинаа чартер летовите за Куба
САД ги укинаа чартер летовите за Куба со намера да ги намалат доходите од преголемиот број чартери откако САД лани в октомври ги укинаа комерцијалните летови за оваа земја, освен во престолнината Хавана.
Како што јавија од Стејт департментот, мерката ќе го ограничи богатењето на кубанскиот режим од туризмот, што ги користи овие средства за финансирање на репресиите против народот на Куба и неговата поддршка за диктаторот Николас Мадуро во Венецуела.
Според одлуката, девет аеродроми на Куба нема повеќе да примаат летови од САД. Авиокомпаниите имаат 60 денови постепено да ги откажат летовите за Куба. САД исто така имаат воведено ограничувања на бројот на летови во оваа земја.
Дипломатските односи меѓу Куба и САД беа прекинати на 3 јануари 1961 година, по доаѓањето на власт на комунистичкиот водач Фидел Кастро. За време на претседателствувањето на Барак Обама, односите помеѓу двете земји се подобрија, но со доаѓањето на Доналд Трамп, повторно се влошија.
Во 2017 година, САД повлекоа 60 отсто од својот дипломатски персонал на Куба. Лани пак, Стејт департментот дозволи судски процеси во САД против меѓународни компании кои вршат бизнис на Куба, и забранија групни патувања на Американци на островот.
Ново на Сител
-
Божиновска: Владата прави напори да имаме мирна зима на енергетски план
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?