САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и нареди на американската кибер команда да ги запре офанзивните кибер операции против Русија, во обид да ги обнови односите со Русија и да постигне договор со Москва за мир во Украина, објави денеска Њујорк Тајмс.
Во извештајот на американскиот весник, во кој се цитираат изјави на актуелен функционер и двајца поранешни функционери запознаени со наредбата на министерот за одбрана, се наведува дека тоа очигледно е дел од пошироките напори да се вовлече рускиот претседател Владимир Путин во преговорите за Украина и новите односи со САД.
Се додава дека наредбата за прекин на офанзивните кибер операции против Русија е издадена пред средбата меѓу американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, која заврши со размена на остри зборови и без најавеното потпишување на договор за украинските минерали.
Прецизниот опсег и времетраењето на наредбата на американското Министерство за одбрана се нејасни, бидејќи границата помеѓу офанзивните и одбранбените кибер операции често е нејасна.
Сепак, одржувањето на пристапот до големите руски мрежи за шпионски цели е клучно за разбирање на намерите на Путин додека влегува во преговори, како и за следење на аргументите во Русија за тоа на кои услови треба да се инсистира и што може да се напушти, оценува Њујорк Тајмс.
Поранешните функционери истакнаа дека е вообичаено цивилни лидери да наредуваат паузи во воените операции за време на чувствителните дипломатски преговори за да избегнат нивно исфрлање од шините.
Ново на Сител
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“
-
Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
-
Од утре попладне дожд, во сабота 28 степени
-
Тешка сообраќајка на влезот во Битола, две жртви и едно тешко повредено лице
-
Приведени дрвокрадци во неготинско, следува пријава
-
Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ