Свет
19. May 2016 - 19:55

САД ги стави на списокот меѓународни терористички организации ограноците на ИД од Јемен, Либија и Саудиска Арабија

Ограноците на радикалната група Исламска држава во Јемен, Либија и Саудиска Арабија се вклучени во списокот на САД за „меѓународни терористички организации“, соопшти денеска Стејт департментот во Вашингтон, и истакна дека трите организации се специјално ориентирани кон глобален тероризам.

Во соопштението се посочува дека вонредните мерки предвидуваат „санкции и казни“ за странци, кои извршиле или создаваат сериозен ризик за извршување на „терористички напади, загрозување на безбедноста на жителите на САД или националната безбедност, надворешната политика или економија на САД“.