Loading Video...
Свет
16. September 2021 - 19:42

САД, Британија и Австралија во нов безбедносен сојуз - ова е обид да се ограничи Кина, оценуваат познавачите

САД, Велика Британија и Австралија го фомираа Аукус, безбедносен пакт за Индо-Пацифичкиот регион. Ова е историска можност за трите нации, кои се истомислечки сојузници и партнери, за да ги заштитат заедничките вредности и за да промовираат сигурност и стабилност во регионот на Индопацификот, се вели во заедничкотоо соопштение на америкаскиот претседател Бајден и премиерите на Велика Британија и Австралија Џонсон и Морисон. Аукус ќе и овоможи на Австралија да гради свои подморници на нуклеарен погон а во тоа ќе помогне САД со технологијата која досега ја споделуваа само со Велика Британија. Договорот опфаќа и соработка во областа на вештачката интелигенција и информатичката и квантната технологија. 

Според аналитичарите Аукус е најголемото одбранбено партнерство меѓу трите земји од крајот на Втората светска војна, и претставува демонстртација на сила во правец на Кина. Пекинг веднаш го осуди пактот.

- Пактот на САД, Велика Британија и Австралија сериозно го поткопува регионалниот мир и стабилност и ја интензивира трката во вооружување. Овие земји покажуваа менталитет од ерата на студената војна, а нивните челници се водени од идеолошки предрасуди, изјави министерот за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијан.

Се лути и Париз. Ова е нож во грб, реагираат француските власти, бидејќи поради Пактот Австралија го раскина договорот за набавка на подморници.