САД апелираат да се прифати пресудата на Хашкиот суд за Прлиќ и останатите
Американската амбасада во БиХ соопшти дека е запозната со денешната пресудa на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал и оти САД ја поддржуваат „важната работа“ на овој Суд и ја почитуваат неговата пресуда.
- Денешната пресуда во случајот против Јадранко Прлиќ и останатите претставува важен чекор кон утврдување на одговорноста на поединците кои предизвикале страшни страдања на граѓаните на Босна и Херцеговина. Се надеваме дека оваа пресуда на жртвите и нивните семејства ќе им донесе мир и ќе им даде чувство дека правдата барем до некаде е задоволена, се вели во соопштението на американската Амбасада.
САД апелираат до сите страни да ја прифатат пресудата и повторно да се свртат кон „континуиран ангажман за помирување и мирен заеднички живот“, кои се неопходни за иднината на стабилна и сигурна Босна и Херцеговина во која се заштитени правата на сите нејзини граѓани.
Ново на Сител
-
Лукровски презентираше план за Карпош
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен