Македонија
25. May 2016 - 18:14

Сачево и Просениково ќе добијат паркови површини

Летниковци, патеки со бекатон плочки, урбана опрема, тревни површини и хотикултурно уредување ќе добијат парковите површини во Просениково и Сачево. Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работат на уредување и зазеленување на просторот, информираат од Општината.

Додаваат дека станува збор за проектот за уредување 50 локации за одмор и релаксација во населените места и градот.

Инаку, пред два дена беше завршено уредувањето на парковата површина во Градско Балдовци, каде што беше поставен летниковец, клупи и друга урбана опрема, како и хортикултурно уредување.

Со планираните активности ќе биде опфатена површина од 10 илјади квадратни метри, а ќе бидат потрошени велат надлежните.