Сабев: Ако екологистите дозволат, граничниот премин Клепало ќе биде во функција до крајот на годината
Патот до граничниот премин Kлепало е долг само 13 километри. Ако ги добиеме поскоро еколошките дозволи, ќе биде завршен до крајот на годинава, рече денеска бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Сабев.
Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со својот македонски колега Благој Бочварски, Сабев нагласи и дека на овој премин ќе има само една, заедничка гранична контрола што ќе го олесни, забрза и поедностави движењето на граѓаните.
Како што информира Сабев, Бугарија ќе направи напори и за железничко поврзување преку тунелот Деве Баир, односно за што поскоро да се пробие тунелот под преминот и да се овозможи железничкото поврзување меѓу двете земји.
-Ако зборуваме за Клепало, ќе ги направиме сите напори тоа да биде готово до крајот на годината. Отсечката е само 13 километри, но треба да добиеме дозвола од МЖСПП за една многу сложена и тешка процедура што сме ја прифатиле како закон. Ако имаме дозвола од екологистите да можеме да работиме од Министерството за регионален развој на Бугарија се подготвени веднаш да почнат со ова. Тринаесет километри не е голем напор. А тоа што ние го продискутиравме со Бочварски, е да имаме еден премин каде што на едно место ќе се извршуваат сите тие формалности кога се поминува на граничниот премин, така ќе се обавува се многу брзо. Тоа е нашата желба, истакна Сабев.
Од македонска страна патот до Клепало е веќе направен, а изграден е и објектот на граничниот премин.
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години