Ружичка по средбата со Варвициотис: Го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија
Двајцата го поддржуваме отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, порача заменик министерот за надворешни работи на Словачка, Франтишек Ружичка, по средбата со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Проширувањето на Европската унија и европската перспектива на земјите од Западен Балкан беа една од темите за кои разговараа Варвициотис и Ружичка.
Заменик министерот за надворешни работи на Словачка рече дека во октомври европскиот совет треба да донесе важни одлуки за земјите од Западен Балкан.
– И двајцата го поддржуваме напредокот и отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Исто така, генерално, ние би сакале сите земји од Западен Балкан во иднина во Европската унија. Знаеме дека никој не е совршен, ние не сме совршени, рече заменикот МНР на Словачка, по средбата со Варвициотис.
Ружичка говорејќи за односите на Словачка со Грција, го спомена и наследството од античка Грција, како што се демократијата, филозофијата, олимписките игри, но и Кирил и Методиј.
Брегзит, миграциското прашање, билатералната соработка и иднината на Европа беа останатите теми за кои разговараа заменикот министер за надворешни работи на Словачка и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација