Руте: Турските дипломатски санкции се непримерени
Холандскиот премиер Марк Руте денеска изјави дека турските санкции против холандската Влада во текот на дипломатскиот судир меѓу двете земји „не се премногу лоши“, но се непримерени, бидејќи Холанѓаните имаат повеќе причини да се лутат.
Санкциите вклучуваат замрзнување на дипломатската комуникација, но не вклучуваат никакви економски мерки, пренесоа британските медиуми.
- Од една страна сметам дека е бизарно Турција да зборува за санкции, кога ние имаме повеќе причини да се лутиме заради тоа што се случи за време на викендот, изјави Руте.
Холандија, исто како Германија и Австрија, зазеде став да не им дозволува на турските политичари на нејзина територија да одржуваат собири за поддршка за претстојниот референдум за измена на Уставот, што на турскиот претседател Реџеп Тајип Ергодан треба да му овозможи да ги прошири своите надлежности.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор