Свет
14. March 2017 - 11:47

Руте: Турските дипломатски санкции се непримерени

Холандскиот премиер Марк Руте денеска изјави дека турските санкции против холандската Влада во текот на дипломатскиот судир меѓу двете земји „не се премногу лоши“, но се непримерени, бидејќи Холанѓаните имаат повеќе причини да се лутат.

Санкциите вклучуваат замрзнување на дипломатската комуникација, но не вклучуваат никакви економски мерки, пренесоа британските медиуми.

- Од една страна сметам дека е бизарно Турција да зборува за санкции, кога ние имаме повеќе причини да се лутиме заради тоа што се случи за време на викендот, изјави Руте.

Холандија, исто како Германија и Австрија, зазеде став  да не им дозволува на турските политичари на нејзина територија да одржуваат собири за поддршка за претстојниот референдум за измена на Уставот, што на турскиот претседател Реџеп Тајип Ергодан треба да му овозможи да ги прошири своите надлежности.