Руското Министерството за одбрана објави снимки од копненото чистење на ИСИС
Специјалниот кореспондент за ТВ Каналот Ѕвезда од Сирија, известува од линијата на фронотот на која во моментот силите на Сириската Армија се борат против ИСИС, откако воената авијација на Русија од воздух почна да го чисти теренот од ИСИС.
Локалната милиција како и регуларните воени сили на Сирија треба да го исчистат секој центиметар земја од терористите на ИСИС, посебно во пограничниот град Кесап, кој се наоѓа на неколку стотини метри од границата во Турција.
Како што известува кореспондентот, а и се гледа на снимките терористите на ИСИС претрпуваат огромни загуби, а на снимките се гледа како ги собираат “странските платеници” – според зборовите на сириските војници.
Информации од војската на терен говорат дека бројката на загинати се движи преку 500 убиени, и можеби 2.500 тешко ранети терористи.
Според сирискиот генерал кој раководи со акцијата, досега не се забележани удари на НАТО врз позиции на ИСИС, односно, досега НАТО бомбардирале неколку позиции кои не се ниту во близина на терористичките упоришта со што акцијата на НАТО е тотално непотребна.
Тие велат дека “само Алах и Русија може да ја спаси Сирија”.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?