Рускоска: Знаеме каде се дел од парите од „Рекет“
Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО за случајот „Рекет“ кога ќе оценам дека треба, соопшти денеска обвинителката Вилма Рускоска по состанокот во Советот за јавни обвинители кој треба да одлучува дали ќе ја разреши или не Катица Јанева од прв човек на СЈО.
Рускоска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје и потврди дека се уште трае истрагата за документот со исказот на Камчев кој излезе во јавност.
На прашање дали Камчев го имал тој документ, Рускоска појасни дека записници на сведоците и на лица за кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат, туку пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничениот.
Рускоска рече дека се уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знат каде се, а за дел работат на тоа.
Ново на Сител
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ
-
Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе