Свет
28. August 2016 - 17:30

Руските воздушно-десантни сили префрлени на Крим

Единиците на руските воздушно-десантни сили и морнарица префрлени се на Крим и во Краснодарскиот регион во рамките на ненајавената проверка на борбената готовност, соопшти руското Министерство за одбрана.

Дел од руските воздушно-десантни сили извеле марш долг 1.200 километри со комбинирана метода - со железница и со соптсвена техника, пренесува Танјуг.

Во моментов тие се позиционирани на полигонот Опук на полуостровот Крим, каде ќе спроведуваат воени вежби.

Проверката на борбената готовност на руската армија почна на 25 август и ќе трае до крајот на месецов.