Свет
23. July 2022 - 13:48

Руските сили го ракетираа пристаништето во Одеса

 Со истрелување проектили врз пристаништето Одеса, Путин им плукна во лице на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кои вложија огромни напори да го постигнат овој Договор, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.

Украинската армија денеска соопшти дека руски ракети погодиле инфраструктура во украинското пристаниште Одеса.

Нападот се случи еден ден откако Русија и Украина потпишаа Договор за повторно отворање на пристаништата на Црно Море и продолжување на извозот на жито.

– Непријателот го нападна морското трговско пристаниште Одеса со крстосувачки ракети. Силите за воздушна одбрана соборија два проектила, а два ја погодија инфраструктурата на пристаништето, објави на Телеграм украинската Оперативната команда Југ.