Рускиот дипломат Чижов: Денеска нема да ја нападнеме Украина
Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска.
– Што се однесува до Русија, можам да ве уверам дека денеска нема да има напад. Нема да има ескалација ниту наредната недела, ниту во неделата потоа, ниту во наредниот месец, рече Чижов во текст објавен во денешното издание на германскиот дневен весник Ди Велт.
– Војните во Европа ретко започнуваат во среда, додаде тој.
Американската администрација предупреди дека е можен руски упад во Украина пред затворањето на Зимските олимписки игри во Кина во недела.
САД и нивните сојузници во НАТО тврдат дека Русија подготвува напад врз Украина, обвинување кое Москва го негира.
Чижов ги осуди забелешките на САД за можен напад врз Украина.
– Кога обвинувате – кока кажувате особено многу сериозни обвинувања против Русија – имате и одговорност да презентирате докази. Во спротивно тоа е клевета. Па, каде се доказите?, напиша рускиот дипломат.
Амбасадорот повторно го повика Западот сериозно да ги сфати безбедносните грижи на Русија.
Кремљ побара НАТО да ги ограничи активностите во Источна Европа и да вети дека нема да ги додаде поранешни советски републики, како Украина, како нови членки. Москва, исто така, побара забрана за распоредување вооружени системи, вклучително и американски систем за противракетна одбрана, во близина на границите на Русија.
Ново на Сител
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа