Loading Video...
Свет
23. May 2022 - 16:31

Руски војник во Украина осуден на доживотен затвор

Украинскиот суд осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил во првото судење за воени злосторства што произлезе од руската инвазија на Украина.  21 годишниот Вадим Шишимарин се изјасни за виновен, но рече дека постапил по наредба. Русија е загрижена за судбината на нашиот војник.За жал немаме можнсот да ги браниме неговите интереси таму , бидејки дејствувањето на нашите инстиутции во Украина престана  рече портаорлот на Кремљ. Моксва негира дека руски војници убиваат украински цивили, а Украина тврди дека истражува 11 000  случи на можни руски воени злосторства. Војната во Украина влезе во 89 ден а ситуацијата во источниот регион Донбас и понатаму е тешка. Според украинската армија, непријателот ги засилува напорите за освојување   на градовите Славјанск и Северодоњецк. Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори, но иницијативата за нивно продолжување е во Киев изјави главниот руски преговарач Владимир Медински. И Украинскиот лидер навести можно враќање на преговарачката маса , но рече дека Киев нема да прифати каков било договор со Моксва кој вклучува отстапување на територии. За време на видео обраќањето на светскиот економски форум во Давос Зеленски повика на уште посилни санкции кон Русија.

  • Санкциите мора да се продлабочат за да се запре агресијата на Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта, блокирањето на сите нејзини банки и целосниот прекин на трговијата со Русија. „Само тоа ќе ја спречи Русија и која било друга земја да водат неиспровоцирана војна против нејзините соседи, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.