Свет
20. March 2022 - 14:23

Руски тенк гранатираше дом за стари и изнемоштени лица во Украина

56 лица загинаа откако руски војници отвориле оган во дом за стари лица во Кремина во областа Луганск, тврдат украинските власти.

Украинската влада вели дека окупаторите пукале врз зграда во областа Луганск од тенк… „цинично и намерно“.

Државната служба за специјални комуникации соопшти дека имало 15 преживеани, кои биле „киднапирани од окупаторите и однесени на окупираната територија во Луганската област, во регионалниот геријатриски интернат“.

Скај њуз, кој ја пренесе оваа информација, независно не го потврди ова тврдење.