Руски напади во западните региони на Украина
Руските сили синоќа извршиле голем напад врз Украина, главно во западните региони, со дронови камикази и ракети, а по нападот избувна пожар во индустриски објект во регионот Киев, пренесуваат украинските медиуми.
Руските сили лансираа вкупно 53 нападни дронови Шахед-131/136, од кои 48 беа соборени, соопшти на Телеграм командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук.
Според него, лансирани биле пет крстосувачки ракети, од кои сите се елиминирани.
Тој рече дека воздушните цели што ги лансирала руската армија биле уништени над регионите Киев, Хмељнички, Харков, Кироворад, Херсон, Одеса, Николаев, Запорожје и Дњепропетровск.
Неколку експлозии одекнале во Хмељничката област.
Во регионот на Киев, предупредувањето за воздушен напад траело четири часа, а според локалните власти, како последица на нападот избувнал пожар во индустриска зграда. Нема извештаи за повредени.
Ново на Сител
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште