Балкан
10. January 2017 - 8:39

Руски дипломат во Атина пронајден мртов

Шефот на конзуларното одделение во руската Амабсада во Атина беше пронајден мртов во својот стан, но засега нема сомневања дека е предизвикана насилна смрт, јавија грчки медиуми.

Телото на 54-годишниот Андреј Маланин го пронашол службеник во Амбасадата кога дошол во неговиот дом. Полицијата во Атина почна истрага за смртта на дипломатот.

Полицијата соопшти дека на телото нема видливи рани ниту знаци за насилна смрт. Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов беше убиен минатиот месец во Анкара од полицаец.