Руската новинарка која упадна во етер со натпис „Стоп за војната“ осудена на осум години затвор
Рускиот суд ја осуди, во отсуство, на осум и пол години затвор поранешната новинарка на државната телевизија Марина Овсјаникова, која се појави во информативна емисија со плакат на кој пишуваше „Стоп за војната“ и „Ве лажат“.
Овсијаникова беше прогласена за виновна за „свесно ширење лажни информации за руските вооружени сили“, се вели во соопштението објавено од судот на Телеграм.
Новинарката, која побегна од Русија пред една година, веќе е казнета за слични прекршоци во август 2022 година. Овсијаникова стана позната во средината на март 2022 година, откако се појави сред вести на телевизиската станица за која работеше. Таа носеше натпис со кој ја осудува офанзивата во Украина и „пропагандата“ на медиумите под контрола на владата.
Снимката од нејзината акција, само неколку недели по почетокот на рускиот напад, го обиколи светот. Многу луѓе ја пофалија нејзината храброст, во контекст на репресијата на секој критички глас во Русија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис
-
Четири рочишта против Мерко