Руската армија најави хуиманитарна операција во Сирија
Руската армија денеска најави хуманитарна операција во Сирија со цел да им се достави помош на цивилите кои живеат во подрачјата кои беа под контрола на Исламска држава и се преземени од силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб генерал Сергеј Рудској изјави дека сириските сили презеле 217 места од ИД.
- Населението постепено се враќа во тие градови и затоа новата задача на руските воздушни сили во Сирија ќе биде хуманитарна операција, посочи генерал Рудској.
Но, тој не прецизира каква хуманитарна помош ќе им биде пружена на сириските цивили, ниту како ќе бидат организирани хуманитарните операции.
- Најголем дел од помошта ќе биде упатена во Деир Езот, кој веќе долго време е опкружен од терористите на ИД, посочи рускиот генерал.
- Сирискиот воениот транспортен авион Ил-76, со руска логистичка поддршка, испорача 22 тони хуманитарна помош, која ќе биде распоредена со помош на локалните власти, истакна генерал Рудској.
Тој додаде дека Русија е подготвена да му помогне на сирискиот народ се до ослободување на земјата од екстремистите и за обнова на мирниот живот.
По повеќе од 3,5 месеци интензивни воздушни напади, руската армија тврди дека уништила илјадници терористички цели.
Ново на Сител
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри