Руската амбасада донираше играчки за струмичката градинка
Амбасадата на Руската Федерација донираше реквизити и играчки за детската градинка „Парк“ која е дел од ЈУДГ „Детска радост“ Струмица. Иницијатори на ваквите хуманитарни акции биле и локалните власти на рускиот град Електростаљ кој е збратимен со општина Струмица.
- Оваа донација претставува уште еден знак за тесната соработка на Амбасадата на Русија и општина Струмица. Вакви хуманитарни акции правиме за да им покажеме на граѓаните на Струмица каква тесна соработка се одвива меѓу општина Струмица, Аамбасадата на Русија и Руската Федерација како држава, бидејќи Струмица има збратимен град Електростаљ. Иницијатори на овие акции е токму Електростаљ, градоначалникот и неговиот тим, а ние како амбасада ги поддржуваме и ќе продолжат и во иднина, рече Станислав Лупин, трет секретар во Амбасадата на Руската Федерација.
Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, изрази јавна благодарност за донацијата.
- Не е првпат Руската амбасада да донира играчки за струмичките градинки. Јавно се заблагодарувам за оваа акција и се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и ова нема да биде последен пат да се видиме, за повторно да донираат играчки и реквизити за децата од градинките, рече Христов.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование