Руска патрола го приведе генералниот директор на АЕЦ Запорожје
– Генералниот директор на окупираната од Русија украинска нуклеарна централа во Запорожје, е задржан од руска патрола, соопшти денеска украинската државна агенција задолжена за централата Енергоатом.
Игор Мурашов вчера околу 16 часот по локално време бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар, се наведува во соопштението на компанијата.
Тој е изваден од автомобилот и со врзани очи е одведен во непознат правец, се вели во соопштението.
„Неговото приведување од страна на (Русија) ја загрозува безбедноста на Украина и најголемата нуклеарна централа во Европа“, изјави претседателот на „Енергоатом“ Петро Котин и побара од Русија веднаш да го ослободи Мурашов.
Русија засега не потврди дека го привела директорот на централата.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција