-->
-->
Русите тргнаа во тотално уништување на џихадистите, за 3 дена погодени 484 терористички цели
-->
Авионите-носачи на ракети Ту-22М3 за два дена извршија 18 борбени летови од територијата на Русија и ги погодија сите цели на подрачјето на Деир ел Зор во Сирија, соопшти началникот на Генералната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ генерал-потполковник Сергеј Рудској.
„Во периодот од 22 до 24 јануари со цел уништување жива сила и техника на „Исламската држава“ стратешките бомбардери Ту-22М3 извршија 18 борбени летови од територијата на Русија. Според податоците од објективната контрола, сите планирани цели во реонот на Деир ел Зор успешно се погодени“, рече Рудској“, пренесува „Взгляд“.
Воздухопловната група на ВКС РФ во Сирија во текот на изминатите три дена изврши 169 летови и 484 напади на објекти од инфраструктурата на терористите, нагласи тој.
За да ѝ пружат поддршка на сириската војска и одредите на патриотската опозиција и нивните офанзивни дејствија во широки размери, ВКС РФ на територијата на Сирија секојдневно вршат од 70 до 100 летови, прецизираше генерал-потполковник Рудској.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија