Свет
22. December 2017 - 21:43

Русите објавија видео од ракетен систем каков што светот нема видено досега

Русите тврдат дека нивниот најсовремен против-ракетен систем може да пружи апсолутна заштита од било каква опасност која што доаѓа од небото.
 
„Ние веруваме дека ова оружје е најдоброто во својата класа и тоа во целиот свет“, изјави Валериј Кашин, дизајнер на ракетите на моќниот против-ракетен систем.
 
Русите објавија видео снимка од новиот модернизиран систем за ракетна одбрана кој што бил успешно тестиран. Тестот бил одржан на полигонот Сари Шаган во Казахстан и ракетниот систем функционирал совршено.
 
Овој систем може да го погоди било кој објект не само во земјината атмосфера, туку и во вселената, како на пример сателитите или интерконтиненталните балистички ракети од долг домет кои што летаат во вселената пред да се спуштат над метата. Доколку пресретне нуклеарна боева глава, тогаш не експлодира, туку ја деактивира.
 
 
Напредната „АБМ“ ракета за пресретнување која што беше тестирана во Казахстан ќе биде дел од системот А-235 чија што мобилна верзија може да биде распоредена во било кој дел од Русија.
 
Неговите спецификации и натаму остануваат строго доверливи, а според аналитичарите, ракетата може да развие брзина од 3 км/с што гарантира подобрување на ефикасноста на пресретнување на балистичките ракети, дури и поголема од онаа на актуелниот ПВО систем „С-400 Триумф“.
 
Според експертите, новата пресретнувачка ракета дури би можела да лета и со поголема брзина, што значи дека кога интерконтиненталната ракета ќе полета, проектилот веќе ќе биде во воздух и ќе се искачи во блиската вселена, па ќе понуди „чадор“ против евентуален нуклеарен напад на Русија.